Не се договориле за цената и ги исклучиле популарните тв канали
Гледачите на Телеком и Оне.Вип останаа без своите омилени телевизиски канали. Веќе од 1-ви јануари , претплатниците на Оне.Вип и Македонски Телеком немаат пристап до каналите на групацијата Discovery (Discovery каналот, TLC , Investigation Discovery), како и Eurosport 1 и Eurosport 2. Што точно се случи и зошто корисниците на овие оператори останаа “покуси” од корисниците на Телекабел, Неотел и другите ?
Прочитајте го соопштението кое го упати групацијата на исклучени канали на Дискавери до македонските гледачи :
” И покрај нашата отвореност и добра волја за преговори, мораме да признаеме дека сме изненадени и воедно разочарани, од фактот што двата оператори симултано ја донеле одлуката да ја прекинат нашата долготрајна соработка и воедно да ги лишат гледачите со драстичен и ограничен пристап, со остранување на глобално најгледаниот број 1 спортски канал.”
“Ги охрабруваме нашите фанови да ги комуницираат своите ТВ провајдери и да ги изнесат своите желби да се вратат на емитување Discovery каналите , TLC , Investigation Discovery ( ID ), Eurosport 1 како и Eusrosport 2 . Во меѓувреме ја продолжуваме нашата долга соработка со Телекабел како и остананати регионални оператори во Македонија, кои остануваат да го прикажуваат портфолиото на Discovery каналите на своите платформи.”
Имено , преносот во живо на Eurosport е достапен во секое време , на секое место на самата Eurosport Player платформа, на линкот www.eurosportplayer.com.” – велат во соопштението.
На местото на каналите на Дискавери, Телеком во понудата ги вклучи Kitchen TV, BBC Earth, Food network, Viasat Epic Drama, Zenska TV, Sport Klub HD, Лов и риболов и Fight Network.
Дани | ТВ Пакет