Почетна / Сапуници / Се породи актерката од хит сериите „Дила“ и „Виорот на судбината“

Се породи актерката од хит сериите „Дила“ и „Виорот на судбината“

 

Елиф од “Виорот” го донесе Душан на свет

 

 

За турската глумица Хатиџе Шендил и нејзиниот сопруг Бурак Сагјашар, слаткото исчекување е завршено. Имено, убавата Турчинка на 17 мај во една приватна клиника во Истанбул на свет го донесе Џан, синчето од Бурак. Самото име “Џан” на турски значи “душа”, што во превод на македонски би било “Душан”.

 

 

Мојата сопруга на свет донесе живо и здраво машко дете. Да се биде татко е навистина неописливо чувство – кратко искоментира Бурак, по породувањето.

 

 

Инаку Хатиџе ни е позната по главните улоги во турските серии “Во виорот на судбината”, “Дила” и “Татко и синови”, а свадбата со Бурак беше еден од најголемите гламурозни настани во турскиот шоу биз. Наголемо пред околу две години се зборуваше и пишуваше за свадбата на Хатиџе и помладиот Бурак, а нивни кумови беа сопружниците Онур и Шехерезад од “1001 ноќ”.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!