Моќната поп етно балада доби инструментална верзија
За кратко време, новите песни од проектот “Извор” на Каролина Гочева успеаа да придобијат огромен број фанови како што тоа го сторија и претходните албуми на пејачката. Секој си пронајде фаворит од новите песни на албумот, но очигледно онаа што привлече најголемо внимание и ги разнежни срцата на македонската слушачка публика е баладата “Ти не дојде”.
Гитаристот Дамјан Пејчиноски, кој е дел од успешниот проект на Авалон и Каролина направи инструментална верзија на “Ти не дојде” која ви ја презентираме во продолжение :
Во меѓувреме продолжува концертната промоција на “Извор” во сите градови низ Македонија. На ред вечерва е Тетово (Домот на култура), по што следуваат Гостивар, Куманово, Штип и Струмица.
Дани | ТВ Пакет