Почетна / Телевизија / Со изведбата на „Hurt“, Александра ги разнежни сите во „Ѕвездички“

Со изведбата на „Hurt“, Александра ги разнежни сите во „Ѕвездички“

 

Македонското сонце ги освои сите во “Пинк Ѕвездички”

 

Нашата најмила ѕвездичка, 12-годишната Александра Трајчевска од Прилеп, во најновата емисија од “Пинк ѕвездички” успеа да си обезбеди пласман во шестиот круг од музичкото шоу. Слатката Македонка за која веќе пишувавме дека успеа да ги освои срцата на жири комисијата, во овој круг од натпреварувањето се претстави со песната “Hurt” од Кристина Агилера.

 

 

На Гоца не и се допадна што на Александра и бил напнат гласот, па затоа реши да ја испрати во баражот на крајот на емисијата. Но, тука Але уште подобро се снајде, пеејќи го македонскиот поп хит “Врати ми го сонцето”.

 

 

– Мене ова ми делуваше супер, освен некои мали импровизации, но во целина не ми го расипа впечатокот. Беше феноменална. Мислам, не знам кој воопшто може вака добро да пее со свои 12 години. Ништо не би ти зел за зло, ова е претешка песна, затоа ти си за чиста десетка. – искоментира Сале Тропико.

 

 

Нашата Александра е идната македонска поп ѕвезда. Скромноста и нежноста уште од сега и навестуваат блескава кариера, а искуството и годините уште повеќе ќе ја усовршат. “Ѕвездичките на Пинк”, за жал, не се емитуваат оваа година во Македонија, но тука сме ние да ви ги претставиме нашите млади таленти што не прават горди и среќни.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!