Почетна / Живот / Нова генерација на серијалите „Тркало: Борба за преживување“

Нова генерација на серијалите „Тркало: Борба за преживување“

 

 

Длабоко во Јужна Америка, на подрачје од 3000 км кое се протега меѓу Чиле и Аргентина, се наоѓа најголемиот предизвик за секој експерт за преживување. Распространет на шест предели со единствени климатски обележја кои вклучуваат ледени тундри, врели пустини, влажни прашуми и непристапни планини,  секој од тие екстремни опкружувања бара различни вештини за да може да се преживее.

 

 

 Во новата серија „Тркало: Борба за опстанок“, која започнува да се прикажува од недела, 19 март во 22 часот, Дискавери каналот предизвикува шест учесници да се обидат да преживеат во шест различни климатски зони во Јужна Америка. Секогаш кога тркалото ќе се заврти, учесниците се ротираат и одат на нова, потенцијално смртоносна локација.

 

 

Учесниците не знаат каде и кога тркалото ќе се сврти. Опремени се само со основна опрема и СОС уреди кои може да се користат во било кое време со што би се прекинал предизвикот и ќе добијат помош. Нивната главна задача е да пронајдат храна, вода и засолниште. Кога тркалото повторно ќе се сврти, учесниците се преместуваат на нова локација каде се приморани да користат потполно друг состав на вештини за преживување.

 

 

„Тркало: Борба за опстанок“ е најголемиот предизвик за преживување. Учесниците мора да преживеат не една, туку шест локации во период од 60 дена. Учесниците не се типични експерти за преживување, туку обични луѓе кои имаат желба да се докажат. Она што учесниците не го знаат е дека механизмот на тркалото го одржува лунарен календар. Со секоја промена на мената на Месечината, тркалото ќе се сврти и секој учесник ќе се испрати во нова климатска зона.

 

 

Времето кое ќе се помине на секоја локација е познато само на гледачите, оставајќи ги гледачите да се мачат и прашуваат кога тркалото повторно ќе се сврти. И додека секоја ротација, без предупредување ги испраќа на нова локација, учесниците се потполно препуштени на милост и немилост на тркалото.

 Ќе ги имаат ли учесниците потребните вештини да преживаат на тешки терени? Или предизвиците ќе се покажат претешки? Следете ги учесниците кои се борат со природата и сопствената ментална сила за да откриеме кој ќе преживее.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!