Погледнете го видеото кое ги разнежни сите
Познатата британска пејачка и актерка Џос Стоун оваа година настапи на 35-то издание на Скопскиот џез фестивал. Престојот во Скопје го искористи и за запознавање со најдобрата македонска пејачка ѕвезда Каролина Гочева.
Двете диви на големо изненадување на публиката изненадија со заеднички настап во Градскиот парк, каде во кежуал фармерки ја пејат веќе антологиската “Кој да ми запее” на Каролина.
Добитничката на Греми и Brit Awards – Џоус успешно го научила текстот од моќната балада на Каролина и заедно со неа успеа денеска да ги разнежни душите на сите оние кои го погледнаа видеото.
Емоции, нежност, убавина на едно место. “Кој да ми запее” на Каролина и Џос стана вистински интернет хит на социјалните мрежи. За жал, медиумите не смеат да го емитуваат видеото, поради забраната од ЗАМП. Но, ние можеме и го презентираме :
На официјалните профили на Инстаграм, и двете ѕвезди изразија огромна благодарност една на друга за преубавата соработка.
Дани | ТВ Пакет