Почетна / Серии / Алфа снима нов македонски ситком – „Комшиски приказни“

Алфа снима нов македонски ситком – „Комшиски приказни“

 

По “Цимери”, уште една македонска комична серија

 

ТВ Пакет открива : Алфа снима нова македонска хумористична серија. Серијата е со работен наслов “Комшиски приказни” и со емитување ќе започне оваа есен. Дел од тимот на реализација (сценарио, режија) се Стево Симски и Драган Вељановски, а актерската екипа ја сочинуваат Диме Коцевски, Благица Ристов, Никола Колев – Зезо, и др.

 

 

Алфа телевизија минатиов период продуцираше доста нови македонски играни, документарни и забавни содржини. Меѓу таквите проекти се квизовите “Арена” и “Круг на знаење”, документарната “На пат со Цепенков”, македонските верзии на српски продукции како “Жешка кујна” и “Приказни од животот”, играно документарната серија “Алфа акција”, како и забавните емисии “Зајди, зајди”, “Вкусот на традицијата”, “Семеен магазин”, “Алфа ординација”.

 

 

Минатата сезона го сними и ситкомот “Цимери”, a за следнава сезона во најава се “Комшиските приказни”.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!