Анхелес планира да ја понижи својата мајка пред сите гости на забавата под маски.
Додека сите се забавуваат, пиејки шампањ во долгите тоалети и машките фракови, заслепена од омразата кон својата мајка, Анхелес чекори кон сцената за да направи скандал. За среќа, Густаво успева да ја спречи девојката во нејзината намера на време.
Анхелес е зачудена како Густаво ја препознал бидејки ликот и е комплетно променет, а тој ја потсетува дека ја извршил операцијата.
Младиот хирург ја напушта халата со Ахелес, а Лусија е љубоморна кога ќе го види саканиот со друга жена, не препознавајки ја својата ќерка Анхелес.
Пред халата, Густаво и префрла на Ахелес дека презирот ја заслепува и да ги гледа нештата онакви какви што се. Анхелес, скршена започнува да плаче и му признава дека е бремена и дека детето е најверојатно од него.
Густаво скептичен и вели дека не и верува, дека веќе еднашка пробала да го насамари со таквиот трик и дека не и успеало.
Тринидад цела вечер се обидува да му се приближи на Игнасио, но залудно. Тој постојано ја одбива и ја избегнува, што уште повеќе ја разбеснува.
На крајот на церемонијата, се доделуваат признанија за најдобрите стажанти во болницата и една од наградите ја добива Анхелес.
Целата фамилија, вклучувајки ги Лусија, Игнасио, Диего, Сесилија, Тринидад и Доња Инес се изненадени од физичката промена кај Анхелес Соријано.
Девојката со триумфална намсевка истапува на сцената и го добива признанието.
Лусија е принудена да позира заедно со Игнасио пред новинарите бидејки двајцата се акционери на клиниката. Трини е обземена со љубомора.
По забавата, Игнасио и Трини доаѓаат заедно во вилата каде што малку напиена, Трини му вели на Игнасио дека најдобар начин е таа да ја замени нејзината сестра како нова госпоѓа де Соријано.
продолжува