Почетна / МК Сцена / 17 години од трагичната смрт на великанот Тоше Проески

17 години од трагичната смрт на великанот Тоше Проески

Денеска се навршуваат 17 години од смртта на најпопуларниот македонски пејач на сите времиња – големиот Тоше Проески. Македонската икона на 26-годишна возраст загина во сообраќајна несреќа на автопатот во Хрватска, кај местото викано Нова Градишка, кога автомобилот со кој патуваше се судри со камион.

Неговата смрт го шокираше и потресе целиот регион и остави незаборавен печат во срцата на милиони негови обожаватели. Тоше Проески беше многу повеќе од пејач, тој беше симбол на надеж и љубов. Неговата музика допре до срцата на многумина, а неговата хуманитарна работа го истакна како личност со исклучителна добрина.

Обожуван и почитуван од сите генерации, за нашиот Тоше не постои заборав. Таков глас не се раѓа уште еднаш. Таква интерпретација не се доживува повторно. Такви песни евергрини никогаш никаде и никако не може да се создадат и испеат од било кого.

Почивај во мир, наш ангелу. Ќе останеш секогаш еден, единствен и најголем.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Пајак му направи модерна песна на пејачот Ѓоко Јовиќ

Пејачот Ѓоко Јовиќ ја објави својата најнова песна која го носи насловот „Стари навики“, а …

error: Содржината е заштитена!