Почетна / Филм / 17-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“

17-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“

17-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ ќе се одржи од 5 до 9 август во Амфитеатарот во Струмица, кој ќе биде централно место за филмските настани.
Во селектираната програма ќе се прикажат дваесетина нови и интересни филмски содржини од Европа, САД, Велика Британија, Австралија, Мексико, како и од неколку балкански и домашни автори и продукции.


За отворањето на 5-ти август е предвидена проекција на филмски блок составен од „Северен пол“ на Марија Арсовска и уште шест ексклузивни кратки играни филмови. „Северен пол“ кој имаше светска премиера во Кан е суптилна приказна што ја обработува темата за прифаќањето и изолацијата, а во филмот покрај Антонија Белазелкоска и Фросина Трајковска, игра и струмичанецот Лука Мирев.


За затворањето на 9-ти август, како куриозитет на фестивалот, ќе има специјална премиера на најновиот македонски документарец „Трн“ на Столе Ангелов (кинематографер и монтажа) и Nikola Pijanmanov (сценарио). Филмот „Трн“ според авторите е документ за еден човек кој не се предава, човек кој од својот живот прави уметност, а од уметноста нов живот.


Мотото на овогодишниот „Астерфест“ е „Светлините на астерот“, а манифестацијата е поддржана од Општина Струмица и други помагатели.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

error: Содржината е заштитена!