Почетна / Телевизија / „Македонска крвава свадба“ како мјузикл на Наша

„Македонска крвава свадба“ како мјузикл на Наша

Недела, 19 август – 21.30 часот

Претставата е работена според текст на Војдан Чернодрински и сценарио на Славко Јаневски, во адаптација на Марјан Неќак и режија на Сташа Зуровац. Тешкиот аргатски живот на македонскиот роб, но во исто време и идилата помеѓу овчарот Спасе и младата жетварка Цвета, во едно ново руво на музичка драма на сцената на Драмски беше изведена во 2012 година. На нивата пристига Осман-бег, господарот на чифлигот со своите вооружени слуги кои насила ја грабнуваат Цвета за харемот на Осман-бег.

Во претставата играат: Јана Стојановска, Жарко Димоски, Игор Ангелов, Ѓокица Лукаревски, Ана Костовска, Гоце Тодоровски, Роберт Вељановски, Софија Куновска, Игор Стојчевски , Ѓорги Тодоровски – Трупче, Филип Трајковиќ, Калина Наумовска, Никола Ацевски/Зоран Љутков, Катерина Шехтанска, Маја Вељковиќ – Пановска, Гордана Ендровска, Диме Илиев, Атанас Тановски, Виолета Шапковска, Душица Стојановска, Валдета Исмаили, Викторија Анѓушева, Марија Кондовска, Алаксандра Павлова. Претставата вечерва на 19 август ќе имате можност да ја гледате на Наша во терминот за театар.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За оваа есен, Алфа најавува ТВ содржина од ланската сезона?

На веб страната на телевизија Алфа не постои дел во кој ќе бидат претставени сите …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!