Веднаш по Домаќинот, Пирс Броснан и Рене Русо во саботното кино на Сител
Совршен ум ќе смисли совршен план за совршена кражба, но не планирал дека некој ќе му биде голема закана и опасност. Вечерва на Сител, време за блокбастер во 21.15 часот, веднаш по хит комедијата “Добриот домаќин”.
Томас Краун е бостонски адвокат, постојано окружен со убави и фатални жени. Но, Краун има една маана – од хоби се занимава со крадење на скапоцени уметнички дела. Еден ден милионерот Краун ќе изведе уште едно педантно испланирано и елегантно кривично дело, крадејќи една скапоцена слика од њујоршкиот Метрополитен Музеј. Меѓутоа, овојпат во трага ќе му влезе детективот Мајкл Макен и Кетрин Бенинг, привлечна претставничка на осигурителната компанија, која поради кражбата изгубила многу пари.
Кетрин е интелигентна и одлучна во намерата да го фати виновникот и крадецот, но и да ја врати украдената слика на вистинскиот сопственик. Сепак, се случува нешто непредвидено – Томас и Кетрин започнуваат љубовна афера, и сега на потег е Кетрин – дали на нејзината одлука ќе влијае приватниот или професионалниот живот?
Дани | ТВ Пакет