Почетна / Телевизија / Документарен серијал за неверојатни породи од недела на TLC

Документарен серијал за неверојатни породи од недела на TLC

 

Како изгледаат најбизарните и најзабавните породувања во САД?

 

 

Од утре во 21 часот на кабловскиот канал TLC, ќе дознаете од прва рака со што сè се среќаваат акушерите, медицинските сестри и неонатолозите во најголемите породилни одделенија во САД. Тие ќе ни ги изнесат нивните доживувања со бизарните, а не така ретко и забавни медицински случаи, поврзани со бременоста, болките и породувањето.

Вистински приказни за породи за време на урагани, војници кои од Афганистан ги храбрат своите сопруги додека го донесуваат нивното дете на свет, жена која се пораѓа во автомобил после сообраќајна несреќа како и породи во маркети и на театарски сцени.

 

 

Серијалот претставува различни и ризични предвремени породи во кои присебноста на родителите и медицинскиот персонал на теренот се клучни за животот на новороденчето и мајката.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!