МТВ1 за Македонците, МТВ2 за Албанците, МТВ4 за другите малцинства ?
Како што информираа повеќе македонски медиуми,Министерството за информатичко општество и администрација предложи амандмани на законодавството за медиуми, меѓу кои еден амандман за нов канал наменет за ромската, српската, влашката, турската и бошњачката заедница.
Министерот Дамјан Манчевски истакна дека целта на ваквата одлука е поголема професионализација на јавниот сервис. Од таа причина, вториот канал на јавниот радиодифузен сервис – МТВ 2 ќе емитува програма исклучиво на албански јазик, а пак за другите малцинства ќе се отвори нов, четврти канал на Македонската телевизија.
Дани | ТВ Пакет