Почетна / Забава / Од 18-ти до 20-ти прв предновогодишен вински базар во Бар Форца!

Од 18-ти до 20-ти прв предновогодишен вински базар во Бар Форца!

 

По повод Св. Никола, Бар Форца го организира првиот вински базар, на кој од 18-ти до 20-ти декември, на едно место ќе можат да се најдат најдобрите вински вкусови од Македонија и пошироко по цени пониски и од супермаркет. Во предновогодишна атмосфера, од Бар Форца најавуваат и изненадувања во форма на подароци од винариите.

 

“Идејата е да ги разубавиме овие празнични денови, со вино за сечиј вкус и џеб. Токму затоа го организираме предновогодишниот вински базар, во деновите кога е актуелна прославата на Св. Никола. А токму за нив, винариите овозможија многу изненадувања, како убава честитка за поводот, но и за новата година. Веруваме дека на сите оние на кои ќе им биде потребно врвно вино за дома, на слава, или на име, истото од 18-ти до 20-ти, ќе го пронајдат на винскиот базар во Бар Форца”, велат од Форца, притоа упатувајќи отворена покана до сите љубители на квалитетното вино да го посетат настанот.”

 

Со ова продолжува винската супермаркет приказна во Бар Форца, елемент кој граѓаните го препознаа и го вклопија во сликата за ова место, кое повеќе од 10 години е омилена дестинација на Скопјани. Квалитетно вино, по супермаркет цени, е добитната комбинација за винските сладокусци, а винскиот базар е новогодишната честитка од Бар Форца до сите граѓани, како и честитка за сите оние кои го празнувааат Св. Никола.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!