“Европски патокази” секоја сабота во 18 часот на Алфа
Во соработка со дописникот на агенцијата МИА во Брисел, Бобан Нонковиќ, Алфа телевизија започнува нова емисија “Европски патокази”. Нонковиќ, како уредник и водител на оваа емисија е во средиштето на Европската Унија, Брисел, каде што се креираат европските политити и каде што треба да заврши процесот на прилучувањето на Република Македонија како членка на унијата.
Темите на оваа емисија ќе ги покриваат актуелните настан поврзани со ЕУ и Македонија. Согоровници за овие теми се европските функционери, европратеници, комесарите на Европската Комисија, како и другите креатори и донесувачи на одлуки.
Во исто време, емисијата ќе посвети должно внимание и на прашањата од интерес на Европа, на Европската Унија и на нејзините граѓани од сите земји членки.
Заедничките, ЕУ политики, за важни прашања, ефектите од постојните регулативи и односи на во заедничката европска перспектива, како и прашањата од глобален интерес.
Дани | ТВ Пакет