Почетна / Живот / Дискавери во глобално движење за заштита на тигрите

Дискавери во глобално движење за заштита на тигрите

 

Дискавери ја најави соработката со World Wildlife Fund (WWF), кој Дискавери ќе го финансира и ќе помогне во заштита на терен од 4000 km². Се работи за живеалиште на тигрите во Индија и Бутан, чија заштита е клучна за одржување на популацијата на тигри во дивината.

 

 

„Глобалното движење на заштита на тигрите доби поддршка за терен од 4000 km²“ изјави Дејвид Заслав, претседател и главен извршен директор на Дискавери Комуникејшнс.

„Дискавери е компанија која ги покренува работите. Повеќе од 30 години нашите камери се во сите делови на светот, ја документираат и ја запознаваат публиката со убавините и чудата на природата, со програмите како што е „Планетата Земја“. За жал, забележаа и во каква тешка состојба се голем број растителни и животински видови. Денес одиме чекор подалеку, за да ја заштитиме една од најубавите, а најзагрозените животински видови. Нема да дозволиме овие прекрасни животни да исчезнат. Ќе ја поддржиме оваа акција преку нашите глобални брендови и платформи со цел до 2022 година да се дуплира популацијата на тигри во дивината.“

 

 

Само во последните 100 години, популацијата на тигри во дивината поради губење на живеалиштето е намалена за 96%, оносно на помалку од 4000 единки.

Спонзорството на Дискавери над граничното подрачје на кое работат на зачувување на тигрите World Wildlife Fund и владите на Индија и Бутан, ќе овозможи на чуварите подобро следење на здравјето на животните, поефикасна борба против крволовот и одржување на просторот неопходен за движењето на животните.

 

 

Напорот вложен во дуплирањето на бројот на тигрите, вид кој е на врвот на синџирот на исхрана, во исто време ќе ги заштити и други животни и ќе произведе здрав еко-систем. Повеќе за проектот може да дознаете на discovery.com/projectCAT.

Со спонзорството на живеалиштето, Дискавери со својата креативност и глобалната мултиплатформска дистрибуција на своите канали кои допираат до 3 милијарди луѓе, ќе влијае во потикнувањето на луѓето ширум светот го поддржат проектот, за до годината на тигарот во 2022 год., нивната популација да биде двојно поголема.

Дискавери покрена и снимање на нов документарен филм за тигрите, чија премиера е планирана за 2018 година.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!