Ѓулсерен : Џихан ме малтретираше, морав да ја напуштам “Парампарче”
Популарната турска сапуница “Парампарче” ги изненади гледачите со последните случувања во овие епизоди кои се емитуваат на Сител телевизија. Имено, на денот на свадбата на главниот пар во серијата, Ѓулсерен, невестата, е убиена, и на тој начин, нејзиниот лик заминува од серијата. Но дали Ѓулсерен навистина мораше да умре или се работи за нешто сосема друго?
Нургул Јешилчај алијас Ѓулсерен, всушност замина од снимањето на “Парампарче” и сценаристите мораа да ја завршат приказната со нејзиниот лик, така што ќе ја убијат Ѓулсерен. Причината за нејзиното заминување е Еркан Петеккаја, кој го толкува ликот на Џихан во серијата. Ако на екран изгледаа вљубено и сложно, во приватноста владеела вистинска неслога и нетрпеливост меѓу двете турски ѕвезди.
Тој буквално се изживувал над неа.
Еркан одбивал да снима сцени со бакнежи и наместо режисерот, самиот тој ја режирал својата глума. Во неколку наврати, го менувал сценариото како што му одговара и доцнел на снимањата дури и по 8 часа. Доаѓал во алкохолизирана состојба и притоа пиел алкохол за време на снимањата. Пред Нурѓул да ја напушти серијата, во кантата за ѓубре имало шише од алкохол фрлено од него и тој пред цела екипа го извадил тоа шише и рекол “Гледајте што најдов во ѓубрето” клеветејќи ја Нурѓул дека таа пиела алкохол. Не можејќи да го трпи психичкиот терор, актерката заминала од “Парампарче”.
ТВ Пакет направи ексклузивно интервју со актерката која ја толкуваше Ѓулсерен, во кое за македонските гледачи лично ги открива причините за нејзиното заминување. Како настана конфликтот со нејзиниот колега, од почеток до крај, раскажан низ зборовите на актерката. Болната исповед на Нургул ќе ја прочитате ексклузивно во недела само на ТВ Пакет.
Дани | ТВ Пакет