Блеклист – уште еднаш на МТВ 1, наместо репризата на “Куќа од карти”
Премиерно емитувана пред скоро две години на МТВ 1. Ланскиот септември серијата “Црната листа” беше репризирана на првиот канал на Македонската телевизија и тоа во прајмтајм. И сега… додека државните телевизии на земјите од регионот најавуваат низа домашни серии и премиерни странски серии за новата телевизиска сезона, нашата ни Македонска телевизија се одлучи за реприза на веќе репризирана серија. Од понеделник до петок на МТВ 1 околу 22-23 часот – реприза на американската “The Blacklist” (Црната листа).
Дејството на оваа мистериозна крими – драма се одвива во ФБИ, а ним на помош им е еден од најголемите криминални умови – Ред Редингтон. За улогата на Ред Редингтон во „Црна листа“, Џејмс Спајдер е номиниран за Златен Глобус во 2014-та и 2015-та за најдобар главен актер во серијата, а во 2014-та серијата е добитник на престижната „ЕМИ“ награда.