Следете “На терапија”, од понеделник до петок во 22.30 часот на Сител
Македонската лиценцирана серија “На Терапија” успеа да собере и одржи своја публика во првите неделни на емитување, па поради тоа Сител телевизија започнува со емитување на специјална емисија наречена “На терапија – дискусија”, која ќе се емитува секоја недела во 13.00 ч.
Целта на емисијата е да ги опфати случувањата во серијата, а воедно и да навлезе подлабоко во некои од дискусиите кои се дел од серијата.
Денешната тема на која разговараше водителот и уредникот Мургоски со пејачката Сара Мејс и водителката Елена Стојановска е „Дали бракот како институција е на крстосница помеѓу традиционалниот и современиот стил на живеење?“
Дани | ТВ Пакет