“Експеримент” во понеделник во 21 часот во Младински Културен Центар
Главна инспирација за претставата е книгата “The Lucifer Effect” на социјалниот психолог Филип Зимбардо, кој во своето дело ги анализира начините и методите преку кои системот и ситуацијата влијае на дехуманизацијата и деиндивидуализацијата на индивидуата, притоа постепено насочувајќи ја индивидуата да извршува злосторства „во име“ на системот.
Режијата е на Јане Спасиќ, а улогите ги толкуваат Бојан Кирковски, Ненад Митевски, Мартин Јорданоски, Симона Спировска Костовска, Матеја Јанковска, Марија Јанчевска, Михаел Стојановски. Сценографијата е на Кирил Василев, за костимографијата е задолжена Бранкица Јордановска, а монтажата на видео матерјалите ја изработи Горјан Атанасов. Дизајнот на плакатот е на Кристина Горовска.
Резервации на: 023115 225 ( билетара на МКЦ), или на [email protected]
Дани | ТВ Пакет