“Nayino” во изведба на ергенот со неодолива насмевка
Бариш Ардуч, најпосакуваниот ерген во моментов, освен тоа што секојдневно ги освојува воздишките на милиони гледачки во Македонија и Турција преку улогата на Омер, поседува и многу други таленти. Спортот и здравиот начин на живот се неговиот рецепт за спортски обликувано тело, а покрај спортот и глумата, тој умешно знае и да запее.
Па така, во една турска емисија, згодниот Омер, понесен од звукот на хармониката и емоцијата на мелодијата, го зема микрофонот и запеа. Присутните во студиото уживаа слушајќи го, за на крајот да добие громогласен аплауз :
Можеби нема да разбереме што пее, но затоа ќе уживаме додека го гледаме и во оваа улога.
Најпопуларниот телевизиски лик, во моментов, се појавува и во многу турски рекламни спотови. Негова најпозната реклама е за обувките Derimod, а во 2016 година се сликаше и снимаше за магазинот GQ.
Дани | ТВ Пакет