Почетна / Телевизија / Вторник и петок будете се со Сител и новиот концепт на Утринската

Вторник и петок будете се со Сител и новиот концепт на Утринската

 

9 часот и 9 минути – време за граѓаните и нивните стории

 

Утринската програма “Ја сакам Македонија” на Сител телевизија стартуваше со нов програмски невообичаен концепт, со нов проект со кој јавниот интерес на граѓаните добива нов простор. Телевизиската програма на Сител наутро ќе биде креирана од страна на гледачите, така што тие ќе јавуваат стории, и позитивни и негативни од нивните краишта.

 

 

Токму гледачите на утринската на Сител во живо ќе бидат тие што ќе даваат свои гледишта за тоа што чини, а што не во нивните градови ширум земјава, како и идеи за тоа како би се подобрило. Граѓаните се тие што ќе прават анкети, ќе пишуваат прилози – објаснува уредникот Александар Блажевски. Емисијата е во соработка со УСАИД, а овој концепт ќе се емитува секој вторник и петок.

Првиот град посетен од екипата на Сител составена од 40 новинари и репортери, беше Струга за кој имало најмногу дојави за проблеми и занимливости, а во агендата за следниот период се бидат вклучени и Крушево, Охрид, Кратово, Битола, Дебар итн.

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!