Почетна / Серии / „Судијката од Седар Ков“ продолжува на Телма со трета сезона

„Судијката од Седар Ков“ продолжува на Телма со трета сезона

 

Американската драма “Cedar Cove” со нови епизоди на Телма

 

“Судијката од Седар Кoв” продолжува со третата и последна сезона од нови 11 епизоди. Последните случувања во оваа романтична драма ќе се емитуваат на Телма секоја сабота во 17.30 часот. Серијата е базирана на бестселер на Деби Мекомбер. Во улогата на судијката ќе ја гледаме Енди Мекдауел. Во продолжение ве потсетуваме на содржината на драмата :

 

 

Дејството се случува во едно мало, преубаво приморско место кое се вика Седар Кoв и се наоѓа во северниот дел на Америка, а е познато по своите преубави пејсажи. Во тоа местенце живее судијката Оливија Локарт, која е судијка на сите граѓани на Седар Кoв, затоа што целиот живот, и денот и ноќта, ги поминува решавајќи ги проблемите на граѓаните. Некогаш нејзините случаи се спорови меѓу нејзините соседи, но често и граѓански парници, па така покрај правничкото знаење, таа успева целосно да ги разбере ситуациите и луѓето кои доаѓаат по правда.

 

 

Од друга страна, новинарот Џек Грифин ги истражува и пишува за пулсот и проблемите на народот, па така тие проблеми ќе го доведат до Оливија со која ќе започне љубовна врска. Но, на патот на нивната среќа ќе се испречат нивните деца, и тоа ќерката на Оливија – Џастин и синот на Џек – Ерик. Тука е и нејзината напорна мајка Шарлот и нејзиниот бивш маж, кој не останува мирен и сака да си ја поврати љубовта на сопругата.

 

 

Многу приватни и многу деловни проблеми ќе ја засегаат судијката од Седар Кoв. Таа ќе мора да балансира помеѓу кариерата, семејството, љубовта и најважно од се’, да работи за граѓаните да можат да живеат во мирот и спокојот кој секогаш го имале. 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!