Почетна / Серии / Пред Велигден, Алфа со реприза на мини серијалот за „Исус од Назарет“

Пред Велигден, Алфа со реприза на мини серијалот за „Исус од Назарет“

 
Од понеделник, 2 април – серијали на Алфа за Исус и Библијата
 
 
Една од најдобрите филмувани стории за Исус о којзнае кој пат, репризно на Алфа телевизија. Од понеделник во 20.15 часот следуваат 4 продолженија од оваа британско италијанска продукција и тоа пред големиот христијански празник – Христовото воскресение.
 
 
Во главните улоги настапуваат легендарните Роберт Пауел, Ен Бенкрофт, Ернест Борџнин, Сер Лоренс Оливие, Ентони Квин, Род Стајгер, Џејмс Мејсон… Режијата е на Франко Зафирели.
 
 
 
Приказната за Исус треба да ја погледне секој христијанин, затоа што и самата Библија вика: „За да добијат вечен живот, треба добро да те запознаат тебе, единствениот вистински Бог, и оној кого го испрати, Исус Христос“. Да, ако ја знаеме вистината за Јехова Бог и за Исус Христос, ќе можеме да живееме вечно во рај на Земјата. Освен тоа, Исус го дава најдобриот пример за тоа како да живееме и како да  постапуваме со другите.
 
Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!