Почетна / Серии / „Училиштето над црната дупка“, нова тин мистерија на МТМ и локалните

„Училиштето над црната дупка“, нова тин мистерија на МТМ и локалните

 

Уште една постара тин СФ серија на локалните телевизии

 

Премиера навечер, а репризи по полноќ, и во 12 часот и 17 часот наредниот ден. “Black Holsey High” е уште една во редот на научно фантастичните серии кои ги емитуваат локалните оваа сезона.

 

 

Нова тинејџерска серија на програмата на Прва Скопска MTM телевизија и на останатите локални телевизии ширум земјава. На местото на тин серијата “Да се биде Ив” со емитување започна канадската научно фантастична драма “Училиштето над црната дупка”, снимена од 2002 до 2006 година во 42 продолженија.

 

 

Пет ученици заедно со нивниот учител се во центарот на дејството. Тоа се хероите кои во подрумите на училиштето ја истражуваат црната дупка како научен феномен. Училиштето во кое ќе се случуваат големите мистерии и авантури на јунаците се наоѓа во јужно Онтарио, а веднаш до училиштето, пријателите откриваат античка лабораторија која ќе ги наведе на неочекувани откритија. Навистина чудни работи започнуваат да се случуваат кога Корина, Лукас, Џози, Маршал и Во ќе запловат во галаксијата на неоткриениот свет на физиката и ќе го формираат Научниот клуб, во кој единствен возрасен на кој може да му веруваат е професорот Закари.

 

 

Што ќе се случува со училиштето над црната дупка и ќе може ли учениците да се спасат од злите сили кои демнат во нивните ученички денови, останува да гледаме секој понеделник, вторник и среда во 20.30 часот на МТМ ТВ.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!