Нова утринска викенд забава за најмладите
Oд овој викенд на Сител телевизија започнува нова цртана серија, надсинхронизирана на македонски јазик.
Дека Сител е телевизија која емитува програма за сите генерации, покажува и фактот што е единствена што последниве неколку години емитува цртани серии како Моето палечко пони, Миа и јас, Трансформери, Змејеви, Прасенцето Пепа, Маша и Медо итн. Популарното италијанско остварување “Винкс клуб” е уште една во редот на цртани на Сител, која започнува овој викенд и ќе се емитува во утринскиот цртан блок.
Се работи за серија во 182 епизоди, снимена од 2004 до 2015 година од страна на Rai Fiction, а емитувана во над 130 земји во светот.
Приказната ја прати Блум, вилата на огнот и нејзините пријателки : Стела, вилата на сонцето и месечината, Флора, вила на природата, Техну, вила на технологијата и Мјузу, вилата на музиката. Сите тие вили се наоѓаат во Магичната димензија откако на чуден начин Блум од обична девојка ќе се најде таму и ќе стане вила. Овие другарки себеси ќе се наречат Винкс и заедно ќе бидат во сите авантури и неволји.
Во текот на приказната, они откриваат нови моќи, се трансформираат и се борат против злите сили и вештерките Ајси, Дарси и Сторми. Другарките постојано ќе даваат поддршка на Блум која има за цел да ги открие скриените тајни на своето минато. Таа ќе ја запознае својата сестра во новата фантастична земја и ќе спознае дека е ќерка на крал и кралица, а не на родителите кои ја пораснале на Земјата. Во втората сезона, на клубот Винкс им се придружува уште една вила, Рокси – вилата на животните.
Дани | ТВ Пакет