По “Пријатели”, уште една комична серија на Телма
По завршувањето на култната “Пријатели” која беше вистинско освежување и уживање за гледачите кои бараат поинаков тип на програма, Телма продолжува со нова серија. Се работи повторно за хумористична серија, и тоа британската “Црни гуја”. “Црни гуја” е серија која веќе се има емитувано на македонските телевизии, а е снимена од 1983 до 1989 година.
Во сите 24 епизоди, ќе ги следиме авантурите на Роуан Еткинсон во улогата на Едмунд Црната гуја и Тони Робинсон како неговиот слуга Болдрик. Двајцата главни ликови ги пратат различни споредни ликови во секоја од четирите сезони, кои воедно се одвиваат во различни
Едмунд Црни Гуја во секоја сезона, односно секоја доба од британската историја е член на британски лози , присутни на многу значани случувања во историјата. Во секоја сезона, Црни Гуја е потомок на Црни Гуја од претходната сезона, иако тоа не се спомнува директно. Во првата сезона, тој е прилично приглуп, но во секоја следна станува се’ повеќе и повеќе интелигентен, додека пак општествениот статус му станува се’ понизок. Но затоа пак, секогаш е циничен, кукавица, опортунист и манипулатор.
Неговиот слуга е од семејството Болдрик, кои од генерација во генерација се се’ повеќе поглупави и повалкани. на тандемот Гуја и слугата, друштво во секоја сезона им прави различен аристократ. Во првите две сезони тоа е Лорд Перси Перси, а потоа тоа се принцот Џорџ и поручникот Џорџ.
Првата сезона од серијата е сместена во период на владеење на кралот Ричард IV, кој бил наследен од неговиот чичко Ричард III. Втората сезона е сместена во владеење на Елизабета Прва од династијата на Тудорите, третата во времето на владеење на Џорџ III, и последната, четврта, за време на Првата светска војна. Секоја од сезоните има по шест 30 минутни епизоди.
Дани | ТВ Пакет