Тијана Дапчевиќ ќе ги брани боите на Македонија
Од недела, 1 октомври, ексклузивно на Сител телевизија стартува новата четврта сезона од регионалното лиценцирано шоу “Твоето лице звучи познато”. Забавата може да започне! Лудило на сцената на Прва српска телевизија, а лудило и на фреквенцијата на Сител телевизија која ги има правата за пренесување на ова популарно шоу на територијата на Македонија.
Македонската учесничка е Тијана Дапчевиќ, како што веќе и објавивме, а покрај неа тука се Мира Шкориќ, Беби Дол, Драгана Мичаловиќ, Стеван Анѓелковиќ, Едита од “Министерке”, Леон, Бранислав Лечиќ, Пагонис и Бане Видаковиќ.
Елена Ристеска беше македонска учесничка во втората сезона од ТЛЗП
Во текот на наредните три месеци, овие познати балкански личности ќе ги гледаме во улоги на домашни и светски музички ѕвезди. Имитации какви што немате видено никогаш досега, забава која може само да се посака, расположение кое без сомнеж ќе биде одлично. Шоуто ќе добие и ново водителско име, а кои ќе застанат на жириските столчиња, дознаваме во недела во 21 часот само на Сител.
Дани | ТВ Пакет