Сител ќе ја емитува “Парампарче” и за новогодишната вечер
Новогодишната вечер на Сител телевизија започнува со епизода од “Парампарче” – најгледаната телевизиска програма во Македонија изминатава година. Вечерва ќе биде емитуван всушност почетокот на втората сезона од приказната за Ѓулсерен и Џихан, која секоја вечер освен во Македонија, се следи и во Бугарија, Србија, Албанија, Косово, Грција, Црна Гора, Романија.
По Ѓулсерен, во 21 часот следува нова епизода на викенд серијата “Заборави ако можеш”, а од 22 часот започнува централната новогодишна програма “100 проценти песна и игра”, која е всушност коктел на новогодишни настапи од минатите години. Во 1 часот по полноќ, за крај на новогодишната прослава во домашен амбиент, Сител ви го препорачува премиерно филмот “Господин совршен” – романтична акциона комедија со Сем Роквел и Ана Кендрик.
Дани | ТВ Пакет