“Астро” со летна реприза на скопската МТМ
На МТМ телевизија, од следната седмица ќе се репризира бразилска теленовела – “Илузионист”, заменувајќи ја репризата на “Shameless” во 21.10 часот. Се работи за серија која ја има добиено престижната Еми награда за најдобра новела во светот за 2012 година, а на МТМ и локалните телевизии премиерно се емитуваше минатите месеци. Во продолжение ве потсетуваме на содржината на оваа интригантна приказна во 50 продолженија :
Eркулано Кинтаниља е мистериозен, привлечен и неодолив заводник. Неговата приказна започнува кога со пријателот Неко смислува план за кражба на пари, но пријателот го предава, па така Еркулано завршува зад решетки. Во затворот го запознава Ферагусо, кој го учи на уметноста на илузијата.
По неколку години, благодарение на вештините на телепатијата и илузијата, Еркулано излегува од затвор, станува Професор Илузионист – главна атракција на еден престижен клуб кој ги воодушевува гостите со своите трикови.
За време на една претстава, Астро ја здогледува Аманда Мело Асунсао, наследничка на империјата Мелови, чиј татко е пред банкрот. Друг неочекуван пресврт во неговиот живот е и пријателството со Марсио Ајала, син на моќниот Саломао Ајала. Постепено, Еркулано ја здобива довербата на сите членови на богатата фамилија Ајала и успева да влезе во нивната компанија и тоа на важна позиција. Меѓутоа во тоа семејство освен пријатели, Еркулано го запознава и идниот непријател и ривал, Самир, кој му е брат на Саломао и чичко на Марсио.
Самир сака по секоја цена да се ожени со Аманда, чие срце веќе припаѓа на илузионистот Еркулано. Светот на фамилијата Ајала ќе биде погоден од една голема трагедија – мистериозната смрт на Саломао Ајала за која сите членови и пријатели на семејството се осомничени, вклучувајќи го и Еркулано.
Улоги: Rodrigo Lombardi, Carolina Ferraz, Alinne Moraes, Thiago Fragoso, Regina Duarte, Marco Ricca, Humberto Martins, Henri Castelli, Fernanda Rodrigues, Juliana Paes, Reginaldo Faria, Mila Moreira
Дани | ТВ Пакет