Во Севиља вечерва Македонија го доживеа првиот пораз во групната фаза на СП во Шпанија. Исланд славеше со 23-19 во игра во која нашата селекција играше слабо. Лошиот почеток на нашата репрезентација на натпреварот му дозволи на противникот да оствари предност од 4-0, но со упорна игра до првото полувреме успеаја да израмнат 10-10. Натпреварот сепак заврши во полза на Исланд. Македонија утре игра со Русија во 15:45 часот.
Крис Манев | ТВ Пакет