Почетна / Телевизија / Антониа со песна од Тоше го остави без зборови и македонското жири

Антониа со песна од Тоше го остави без зборови и македонското жири

 

Уште еден победнички настап за Антониа со “Казна моја си ти”

 

Познатата македонска ѕвездичка Антониа Гиговска од Скопје успешно се претстави во вториот круг од домашното музичко “Кастинг талент шоу” кое на 26 јануари ќе го има големото финале.

 

 

Ако во првиот круг ја отпеа легендарната “I will always love you” од Витни Хјустон, вчеравечер, во вториот круг, отпеа уште една легендарна песна, овојпат македонска. “Казна моја си ти” од Тоше во интерпретација на Антониа звучеше емотивно, моќно и фантанстично, како што ретко кој досега би знаел да долови песна од Тоше.

 

 

Менторката Андријана Јаневска без никаква замерка. Жирито составено од Игор Дурловски, Игор Џамбазов и Сара Мејс останаа исто без зборови. На Антониа и е сигурен патот до финале и во ова шоу, откако лани “растури” во Пинковите ѕвездички. Многумина ќе речат дека по ланскиот успех, можеби не и требало ова на Антониа, но сепак настап во мјузикл е сосема поинаков предизвик.

Во продолжение погледнете ја нејзината изведба на песната од Тоше :

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!