По минатонеделната реконструкција на несреќата, следуваат нови откритија :
Провокативната истражувачка емисија “Код” во најновото издание на Телма на 25. февруари 2018-та продолжува да истражува околу смртта на македонските планинари Калина и Александар. На црно, пари се оставаат во блиска продавничка, заинтересирани клиенти се наоѓаат преку Фејсбук, инспектори казнуваат – но планинарските тури продолжуваат на црно.
“Код” истражува како се одвива бизнисот со планинарски акции. Зошто во македонската истрага за смртта на Калина и Александар не е вклучена судска медицина од државата, додека во Солун каде е правена обдукцијата велат дека ќе им треба најмалку 4 месеци за да го подготват финалниот извештај. Во КОД и за различните аршини на судовите едно мотоциклист по тешка сообраќајна несреќа остана и без бубрег ама и без отштета.
Гледајте “Код” со Снежана Лупевска Созен, секоја недела веднаш по централните вести на Телма.
Дани | ТВ Пакет