По Лара и Ружа вјетрова, доаѓаат “Златни двори” – нова хрватска продукција
По неколку години, повторно на тв екраните доаѓаат сериите за љубителите на хрватската продукција и далматинскиот мелос. Наскоро на Сител со емитување започнува најновата хрватска теленовела “Златни двори”, која се уште се снима и емитува во Хрватска.
Насловната песна од серијата е веќе неколку месеци голем радиски хит, а ја исполнуваат познатите Колонија и Славониа бенд. “Златни двори” е втора нивна соработка по “Gukni golube”, a спотот, за потревите на серијата, се снимаше на златните полиња на Славонија.
Катарина Бабан и Марко Кнешаурек ги толкуваат главните ликови Ана и Петар во тв новелата, а се појавуваат и како главни јунаци во спотот.
– Насловната песна од прво слушање ми влезе во уво. Во текот на снимањето ја слушавме цело време и по завршување на снимањето, без престан си ја потпевнувавме. Навистина е голем хит како и самата серија во Хрватска и Босна. Голем дел од сцените во серијата и спотот се снимаа во жито. Малку ми беше чудно на почетокот затоа што требаше да трчам низ житните пространства, но полека се навикнав. – изјавува Катарина.
Многу наскоро во песната и во топлата романтична приказна ќе уживаат и македонските сладокусци.
Дани | ТВ Пакет