Почетна / Сапуници / Откриваме што значи насловот на новата турска серија на Сител

Откриваме што значи насловот на новата турска серија на Сител

 

Приказната за бескрајната љубов и во Македонија

 

Со стартот на следнава седмица, на Сител телевизија започнува со емитување популарната турска новела “Карасевда”. Со самата најава на Сител телевизија, серијата уште незапочната привлече големо внимание не само поради љубовната приказна која е на прагот пред гледачите, не само поради Бали Бег кој ја толкува главната улога, туку и поради специфичното име “Карасевда”.

Зошто токму една од најуспешните турски серии го носи ова име? Што значи тоа име и зошто воопшто е така преведена?

 

 

За многумина овој термин не значи ништо, но всушност постои збор ‘карасевда’ во македонскиот јазик, односно транскрипција од турскиот збор ‘кара севда’. Во речникот на македонскиот јазик, ‘карасевда’ значи голема тага поради љубов.

 

 

Љубов на која ќе им позавидат. Љубов која ќе се скрши под товарот на уцената. Страст која нема да може да се изгасне. Сон од кој никогаш нема да сакаат да се пробудат, сѐ до еден момент… сѐ до кобниот момент. Главните јунаци Кемал и Нихан наскоро на Сител телевизија ќе донесат невидена борба за љубов, приказна за една голема љубов и уште поголема тага по изгубеното и најсаканото.

 

 

“Карасевда” е добитничка на престижната ЕМИ награда за најдобра теленовела за изминатата година во светот, а самата серија стана една од најпродаваните турски драми и најуспешните прајмтајм програми на балканските телевизии.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!