Има ли нешто потажно од солзите на едно дете ?
Вистинските љубители на турските семејни и потресни турски драми со задоволство ги паметат нивните омилени Кога лисјата паѓаат и Бурни времиња, кои ги разнежнија вашите души и ги расплакаа вашите срца. И токму сега, на Сител телевизија стартува уште еден мамец за публиката, магнет за целото семејство – најсентименталната драма од земјата на Босфорот. Од понеделник до петок во 20.50 часот, ексклузивно на Сител стартува “Се викав Мелек”.
Доаѓа време за нова трогателна приказна. Приказната за едно дете, кое нема ниту јаве, но нема ниту сон. Тешка е судбината на ова дете. Сагата за несреќното детство на Мелек нема никого да остави рамнодушен, а солзите на малото девојче ќе ги стопат и најледените срца на гледачката публика.
Ќе има ли спас за ова девојче од шлаканиците и ќотекот што ги трпи секојдневно во својот дом? Може ли тоа дете да се врати мирно од училиште и да знае дека нема повторно да биде тепана? Може ли тоа дете да има безгрижно детство како секое друго?
Крикот на девојчето ќе навести разврска каква што никој не очекува, а плачот ќе допре до сите оние кои ќе сочувствуваат со трагичниот нејзин живот.
Kога ќе ја снема надежта, лошите одлуки стануваат единствено решение, а кога ќе добие шанса, бегството за девојчето ќе стане единствен начин за спас. Болна е приказната за Мелек, болни се солзите на ова дете кое во темниот свет на шлаканиците и ќотекот, ја пронајде жената која може слободно да ја нарече “мајка”. Ја пронајде наставничката Зејнеп која засекогаш ќе го промени нејзиниот несреќен живот. По “Парампарче” следува “Се викав Мелек”.
Дани | ТВ Пакет