Американската акција “Цајкан” од понеделник на Телма телевизја
Утре во 19.50 часот на програмата на Телма ќе биде прикажана последната епизода од втората сезона на хит серијата “Лица за одстрел” (Person of interest), a веќе од понеделник во нејзиниот термин започнува нова американска серија. Се работи за “Цајкан”, прикажувана во 2012 и 2013 година на BBC America, а по 23 снимени епизоди, била укината. Автор на серијата е авторот на “Борџии”.
Содржина:
Дејството се случува во Њујорк во 1864 година, за време на граѓанската војна во Америка. Њујорк е место во кое никој повеќе не ги почитува законите, ниту оние на природата, ниту оние на поединците. На чекор до атентатот врз Линколн, во еден њујоршки кварт владее вистинско безредие. Кевин Коркоран е ирски имигрант кој треба да воведе мир на улиците во квартот како застапник на локалната полиција. Неговите зборови од секогаш биле: Нам ни треба ред, а освен тоа што треба да се справи со криминалот, тој е тука да дознае и за мистериозното исчезнување на својата жена и убиството на неговата ќерка.
Заедно со Коркоран, работат и детективите Франсиз и Ендрју, а освен нив тука се и сопственичката на бордел – мадам Ева, проститутката Ени, како и други познати индустријалци, детективи и останати кои се вклучени во оваа историска приказна.
Улоги: Tom Weston-Jones, Kyle Schmid, Anastasia Griffith, Franka Potente, Ato Essandoh
Дани | ТВ Пакет