Документарец за најдоминантната војска на шимпанза во светот
Новиот документарен филм „Подемот на мајмуните воини“ на Discovery Channel, ни раскажува за шимпанзата од Нгого центарот за истражување во националниот парк Кибале во Уганда, која воедно е и најголемата позната заедница на шимпанза во светот. Гледачите првенствено запознаваат со четири доминантни шимпанза „воини“ кои владеат со заедницата благодарејќи на големата сила која ја поседуваат и стратешките сојузи кои ги прават.
Материјалот за документарецот е сниман во период од 23 години- од времето кога шимпанзата биле уште младенчиња, па во текот на нивното растење и на крајот издвојување како доминантни единки. „Подемот на мајмуните воини“ дава нецензуриран преглед на овие величествени, понекогаш застрашувачки животни. Режисер на документарецот е Џејмс Рид (Jago: A Life Underwater), добитник на наградата на филмскиот фестивал Jackson Hole Wildlife. Премиерата на дoкументарецот е закажана за недела, 5 март во 22 часот на Discovery Channel.
Истражувачите кои дамнешната 1993 година први започнале да ги проучуваат шимпанзата, сакале да дознаат како формирале заедница која е три пати поголема од просечната заедница на шимпанза, а во исто време е и далеку поголемо од било која претходно откриена. По повеќе од две децении, истражувачите своите архивски снимки, кои се надополнети со нов посебно снимен материјал создаваат документарец кој дава увид во однесувањето на овие животни, а можеби дури и на човековата еволуција.
„По неколку неделно набљудување на групата стана јасно дека овде се случува нешто необично“ , објасни професорот Џон Митани. „Едноставно мора да ги држите очите ширум отворени. Шимпаната се интересни животни и ако им дозволите, тие ќе ви ја раскажат нивната приказна.“
Запознајте ги мајмуните воини:
• Харе е прв Нгого шимпанзо со кој истражувачите воспоставиле контакт. Неговата доверба и љубопитност го поместија јазот меѓу луѓето и шимпанзата и им се овозможи пристап во тајниот свет на овие животни. Иако ужива статус на високо рангиран мажјак со значајно влијание врз групата, Харе е оптоварен и со чувство за морал.
• Пинсер е средно рангиран мажјак, физички најмногу наликува на човек. Неговата моќ и успех се откриени по неговата смрт, кога генетското тестирање покажа дека тој во суштина е татко на најголем број потомци во однос на другите мажјаци во Нгого. Ова откритие ги доведува во прашање сите претходни заклучоци за хиерархијата кај шимпанзата.
• Елингтон е „патролен командант“- има потполно уникатни карактеристики, а воедно е и најдобар пријател на Харе. Елингтон ги подобрил начините за лов и напад на соперничките сојузи, што во финалето доведува до драматично ширење на територијата на Нгого шимпанзата.
• Барток е најуспешниот мажјак во историјата на групата. Физички малечок шимпанзо, но голем политичар и тактичар. Владее со помош на добро чуваните врски со агресивните и посветени членови внатре во групата.
Дани | ТВ Пакет