Почетна / Серии / Италијанската серија „Капри“ отсега на А2

Италијанската серија „Капри“ отсега на А2

Италијанската сапуница „Капри“ што се емитуваше на Алфа телевизија, сега е дел од програмата на А2 телевизија. Се работи за серија која е снимана на преубавиот остров Капри. Ќе се емитува секој работен ден во 18 часот, со репризно издание во 23 часот. Деталната содржина за серијата ве очекува подолу.

 

 

Содржина:
Виторија е млада студентка на психологија која се подготвува за свадба со адвокатот Андре кој доаѓа од високото друштво на Милано. Нејзиниот живот се менува кога дознава дека некоја почината госпоѓа дона Изабела од островот Капри ја именувала за нејзина наследничка. На Виторија не и е јасно која е таа Изабела и решава да оди на тој остров и покрај противењето на Андре. Виторија дознава дека е наследничка на голема вила и земја која се наоѓа на најмагичниот дле на островот Капри, но исто така дознава дека не е единствена наследничка. На Капри ги запознава Умберто и Масимо Галијани, внуците на дона Изабела и наследници како и неа. Згодниот плејбој Умберто се вљубува во Виторија, но Масимо не сака толку лесно да се откаже од наследството на баба му која и го препуштила на некоја непозната девојка. И покрај убавините на островот, Виторија се чувствува осамено. Тука е Умберто кој и нуди љубов и подршка, но тука се и Масимо, останатите роднини и слуги кои ја сметаат за натрапничка.

Виторија тогаш го чита и псимото кое го оставила дона Изабела и дознава дека е посвоена и дека нејзиното потекло е поврзано со островот Капри. Островот Капри станува нејзина судбина затоа што таа мора да дознае како е поврзана со тој остров а истовремено сфаќа дека почнува да се вљубува во Умберто.

Улоги: Gabriella Pession, Kaspar Capparoni, Sergio Assisi, Isa Danieli, Bianca Guaccero, Gabriele Greco и други.

 

 

 

Beauty | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!