Почетна / Вебновела / „Предавство“ епизода #2 |Alevosía

„Предавство“ епизода #2 |Alevosía

 
 
Лусија е решена како никогаш претходно во животот. Дека ќе се разведе од својот сопруг.
Доња Инес, мајката на Лусија со отфлреност ја одбива идејата која ќе и ја сооптши постарата ќерка. По разводот на нејзината помала ќерка Тринидад, доња Инес не сака ни да чуе за нов развод во фамилијата.
Никој не може да порекне дека младата Анхелес е израсната во вистинска убавица и млада трендсетерка. Миленичката на Игнасио Соријано, кој не знае да рече не на каприците на својата најстара ќерка, е крајно љубоморна на својата помала сестра Сесилија, особено во моментите кога нивниот татко ја изразува љубовта кон најмалата ќерка. Бесот и љубомората кои Анхелес ги чувствува во тие мигови не може ни самата да го сокрие. Во таков момент, кога Игнасио ја прегрнува Сесилија, влегува Анхелес и го прашува Игнасио дали таа е неговата миленичка?
Затекнат и збунет на ваквото прашање, Игнасио одговара дека двете ги сака подеднакво. Таквиот одговор ја разбеснува Анхелес и се повлекува во својата соба.
 
Наоѓајки ја расплакана, Лусија ја прашува Анхелес што се случило. Со крвави очи полни бес, Анхелес ја обвинува својата мајка дека таа е единствената виновничка за нејзината несреќа.
Чоле, вечната дадилка на Лусија, ја теши дека Анхелес е размазена и каприциозна девојка и дека тоа што го кажала нема никаква основа. Но, сепак Лусија се чувствува лошо и не може да ги извади од глава зборовите на својата ќерка.
Диего ја запознава својата помала сестра Сесилија со својот пријател Хаиме, за подоцна Хаиме да му признае на Диего дека многу му се допаднала Сесилија и дека би сакал повторно да ја види.
По целодневно готвење и спремање за бадниковата вечер, Лусија е среќна што целата фамилија ќе се собере на една трпеза. И признава на Чоле дека бадник е единствената вечера во годината кога сите вечераат заедно. Но, срцето на Лусија повторно ќе биде скршено. По долго чекање и наредува на слугинката да ја полужи вечерата, го бара Игнасио на телефон кој и кажува да не го чекаат , дека по работа заминал на забава со својот пријател Октавио и дека не знае кога ќе се врати. Бесна, Лусија ќе ја побара својата пријателка и адвокатка Нативидад, спремна да подигне бракоразводна парница.
Рано следното утро, Лусија доаѓа во адвокатската канцеларија на Нати, каде што ќе го сретне Густаво Монтемар, пријател на Нати која ќе ги запознае. Во краток разговор, Густаво и доверува на Лусија дека добил работа во клиниката Нуева Вида како хирург. Лусија не може да го опише забрзаното чукање на срцето, но и признава на својата пријателка и адвокатка дека сака повторно да го сретне Густаво Монтемар, дека е спремна да заврти нова страница во животот и да си даде нова шанса.
Во меѓувреме, Тринидад случајно дознава дека таа не е единствената љубовница на Игнасио. Ваквата вест ја користи во своја полза за да ја повреди својата сестра. И јавува на Лусија и ја известува дека во тој момент Игнасио е со друга жена, на што Лусија ладнокрво и одговара дека наскоро Игнасио ќе биде слободен човек и дека веќе побарала развод. Тринидад ликува.
Доцна вечерта, кога Игнасио ќе се врати дома, Лусија ќе го дочека со веста дека се видела со адвокат и дека нивниот развод е веќе во процедура.
Следното утро, доња Инес доаѓа во посета на својата ќерка Тринидад со обид да ја натера помалата ќерка да го промени својот однос кон Лусија. На ваквиот разговор, Тринидад и признава на својата мајка дека веќе се гледа со некого и дека наскоро ќе се омажи по втор пат. Доња Инес ќе праша за кој се работи, но Тринидад не и признава дека зборува за Игнасио Соријано.
Тоа утро, Густаво го започнува првиот работен ден во клиниката. Истиот ден, своето прво стажирање во клиниката го има и Анхелес. Двајцата се среќаваат во лифтот и девојката е фасцинирана од изгледот на новиот хирург. Си ветува на себе дека ќе стори се што е во нејзина моќ за да го заведе и да го направи свој.

ПРОДОЛЖУВА…

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!