“Шерлок Холмс” – секоја недела на Телма
Новата верзија на Шерлок Холмс сместена во сегашно време е новата BBC-ева квалитетна изработка. Серијата е интересна и модерна детективска приказна со старите и познати јунаци, предводена од дигирентската палка на великанот Стивен Мофат.
Мофат својот Шерлок го стави во сегашноста, потез кој одлично му тргна, бидејќи со силна верзија и интерпретација, Мофат успеа да не ги претвори своите ликови во карикатури, а случаевите се доволно интересни да го оправдат подолгото времетраење на епизодата (90 минутна). Серијата е добитник на БАФТА за 2011 за најдобра драмска серија.
Мофатовиот Шерлок е ексцентричен лик, на границата на Асперговиот синдром; крајно интелегентен тип со прилични проблеми во социјалната интеракција. Бенедикт Камбербач (кој го толкува неговиот лик), фантастично се “изгуби“ во улогата и задоволство е да се гледа како ги решава случаевите поставени пред него. Неговиот партнер Др. Вотсон, е човек кој му се восхитува на Шерлок, но и го спушта назад на земјата кога е потребно.
Британската серија за славниот детектив Шерлок Холмс и неговиот пријател Џон Вотсон, како легендарни ликови на британскиот писател Артур Конан Дојл, е една од најдобрите и најгледаните телевизиски адаптации за овој генијален разрешувач на најкомплицираните криминални дела. Оваа серија со харизматичниот Бенедикт Камбербач како Шерлок, и Мартин Фримен како Вотсон, се прикажува со невиден упсех во над 180 земји во светот. Кај нас првите две сезони се емитуваа на Алфа телевизија, а од почеток повторно ќе имаме можност да ја следиме на Телма, и тоа секоја недела во 20 часот.
Дани | ТВ Пакет