Кемал и Неџла во јужноафриканските дождовни шуми
Бурак Озџивит и Фахрије Евџен уживаат во уште едно медено патување. Најпознатата турска двојка е во центарот на папараците каде и да се појават, а медиумите со нетрпение очекуваат да објават било каква вест поврзана со славниот филмски пар.
Вашиот омилен Кемал од мегахитот “Карасевда” објави неколку фотографии на социјалните мрежи, каде се гледа дека ги истражува убавините на Јужна Африка, а со подеднакво егзотични фотографии се пофали и неговата сопруга, или позната како Неџла од “Кога лисјата паѓаат”.
– Уживаме во нашето патување. Убави планини кои ќе ве одушеват со својата уникатност. Тука има прекрасните глетки на прекрасни пространи савани и недопрена дивина која ќе ве остави без здив, прекрасни растенија, дрва и цвеќиња, како и езера, реки и прекрасни песочни плажи крај океанот. Недопрената природа и непредвидливоста на дивината ви нудат незаборавно искуство – кажуваат младите сопружници за својот престој во Африка.
Дани | ТВ Пакет