Урбано македонско шоу со Ненад на ТВ 21
ТВ шоуто “Нешто се крчка” кое се емитува секој понеделник во 21.30 часот на ТВ 21 добива нов водител. На местото на Марјан Ѓоргиевски доаѓа Ненад Ѓоргиевски, кој ќе биде домаќин на многу познати јавни личности.
Во емисијата освен разговори со гостите, истите ќе имаат можност и да ги покажат своите кулинарски вештини и да откријат и по некој рецепт.
Во првата емисија, гости на Ненад беа Дани, Викторија Лоба и Марко Новески. Гостите имаа можност да покажат како знаат да прават палачинки, а покрај нив, забавата ја надополни и бендот во емисијата кој пее познати македонски поп рефрени.
Дани | ТВ Пакет