“The Missing” – серија за болката и непредавањето, трилер за една неизвесна потрага на родителот по она најмилото
Од понеделник, 18 септември, на програмата на Телма телевизија започнува британската драма “Исчезнат”, креирана од браќата Хари и Џек Вилијамс, а составена од осум епизоди. По првата сезона, BBC One порача втора сезона од напнатиот трилер, која следи сосема друга приказна за исчезнато дете. Во продолжение запознајте се со сижето од првата сезона, која ќе се емитува од понеделник до петок во 20.30 часот :
Во 2006 година, Емили и Тони Хјуз со својот петгодишен син Оливер заминуваат на одмор во Франција. Оли и неговиот татко, по пливање, одат во барот да земат нешто за пиење. Таму е преполно со луѓе кои еуфорично го следат четврт-финалето на Светскиот куп меѓу Франција и Бразил. Тие се обидуваат да се пробијат во гужвата, но одеднаш Оли не е таму, Тони почнува да се развртува, панично да го бара на сите страни, да го довикува, неговиот глас станува сè поочаен и веќе почнува да се губи меѓу среќната и разулавена толпа, која го слави големиот спортски триумф.
Потрагата по Оли ја почнува полицијата, но потоа таа станува потрага на таткото по својот син, со помош на француски детектив во пензија. Тони не може да запре со потрагата, дури и по неколку години. Тој не се ни обидува да продолжи со животот, за него ништо повеќе нема смисла, освен да бара, бескрајно да трага, до исцрпување затоа што целото негово постоење е сведено на склопувањето на мозаикот околу исчезнувањето на синот.
Дани | ТВ Пакет