Нина со изненадување во македонската музика
Нина Јанева конечно со нова песна – освежување на македонската музичка сцена. Баладата „Ова е крај“ е создадена со примеси на блуз, госпел и поп, а е изведена со пијано и органа. По првите тактови во мелодијата и првите кадри од ТВ спотот, може да се заклучи дека ваков квалитет е неопходен на нашата естрада.
Песната е комплетно авторско и продуцентско дело на Александар Масевски, а за реализацијата на видео записот се погрижи Александар Ристовски-Принц.
Дани | ТВ Пакет