Почетна / Серии / Крими серијата „Разоткривање“ на Телма телевизија во 20:30 часот

Крими серијата „Разоткривање“ на Телма телевизија во 20:30 часот

 

Нов процедурал на Телма – од понеделник до петок

 

Кајра Седвик, глумицата која два пати е номинирана за Златен Глобус, од сега ја гледаме секоја вечер на Телма во улогата на Бренда Ли Џонсон, една од водечките американски истражувачки во процедурал серијата “Разоткривање” (The Closer). Се работи за детективка, бивша агентка на ЦИА, која патува ширум целата земја, од Атланта па до Вашингтон, како би ги разрешила приоритетните случаи на убиства.

 

 

Сега Бренда добива задача да води една полициска единица во Лос Анџелес, но нејзиниот необичен стил на работа нема да наиде на цлеосно одобрување од новите колеги, кои се во глобала мажи кои не сакаат жени кои немаат влакна на јазикот. Нејзина најголема поддршка е шефот Вил Поуп, , а освен него специјалната и елитна екипа на детективи ја чинат и Дејвид Габриел, мрзеливиот Провенца и Едни Флин.

 

 

Серијата се емитуваше од 2005 до 2012 година на американската мрежа Turner Network Television во вкупно 7 сезони, односно 109 епизоди.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!