Почетна / МК Сцена / Каролина „растури“ – концертите распродадени, додадени нови

Каролина „растури“ – концертите распродадени, додадени нови

 

На повидок нов легендарен успех на новиот албум “Извор”

 

Тимот на Авалон продукција со задоволство информира дека закажаните четири концерти на коишто Каролина ќе го промовира новиот албум „Извор“, за 23, 24, 25 и 26-ти февруари се буквално распродадени.
Поради големиот интерес, закажани се нови три концерти, на 01, 02 и 03 март, во Македонската Опера и Балет.

 



Влезниците во продажба ќе бидат пуштени од утре, 14-ти февруари во 09 часот наутро, по цена од 800 денари, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн. Со секоја купена влезница следува подарок, луксузно дигипак издание од новиот албум „Извор“, кој ќе може да се подигне по завршувањето на концертите.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Негде после два“, нов дует на Пајак со Елвир Мекиќ

На големо задоволство на сите љубители на македонската поп сцена, периодот сведоци сме на еден …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!