Конечно и во Македонија – мексиканската новела “Ла Темпестад”
По неколкумесечни најави, конечно е откриен датумот на кој започнува мексиканската теленовела “Бура” на македонските телевизии. Серијата која е во продукција на Телевиса, започнува во понеделник на Скај Нет во 20 часот, а освен на Скај Нет, серијата ќе се емитува и на сите останати локални телевизии во другите градови ширум земјава. Од досегашниот термин 20 часот, серијата “Крадец на срца” во последните недели на емитување се сели во нов термин, 17:30 часот. За репризните изданија на серијата, информирајте се преку објавата за термини и броеви на епизоди. Во продолжение ве информираме за содржината на Бурата.
Марина е директорка на хотел кој се наоѓа во центарот на градот. Во монетот кога дознава дека нејзината мајка страда од сериозна болест, нејзината професионална кариера е во криза.
Во исто време, во рурална област во близина на морето живее Дамјан Фабре, младиот капетан и сопственик на рибарски брод наречен “Бура”. Дамјан превезува стока за фабриката за сардина “Neptuno”. Естерсита, ќерката на селскиот началник, е опседната со Дамјан. По упорното и нападно додворување Дамјан се согласува да ја поминат ноќта заедно, не знаејќи колку проблеми ќе следат по оваа непромислена ноќ.
Во меѓувреме, сопственичката на фабриката “Neptuno”, мистериозната и елегантна жена, Мерцедес Артигас оди во градот во потрага по некој кој ќе и помогне да ја спаси нејзината фабрика од банкрот. Таа ја запознава Марина, и и нуди можност за враќање на нејзината бизнис кариера и затоа ја ангажира да се справи со економската и финансиската криза на фабриката. Иако првично скептична, Марина ја прифаќа понудата и оди во селото. Оваа одлука особено е во согласност со советите на лекарите, животот во градот негативно влијание врз здравјето на мајката на Марина. Но, во минатото на Мерцедес се крие голема тајна: Марина е всушност нејзината ќерка…
Во новото место, Марина го запознава Дамијан и двајцата се вљубуваат еден во друг. Но двајцата се тврдоглави и не сакаат да си ја признаат магичната привлечност која постои, па затоа Марина сакајќи да го направи Дамјан љубоморен, решава да се гледа со Ернан, пријател од средно а воедно и доста влијателен човек во местото. Ернан е во коалиција со таткото на Естресита и двајцата ја отежнуваат работата на рибарите. Со цел да се одбранат од непријателите, Дамјан и Марина ќе мора да склучат примирје и конечно да ја признаат нивната љубов.
Многу сплетки, тајни, љубов и омраза не очекува во новата мексиканска теленовела, во која настапуваат големи мексикански имиња. Во главната улога е миленикот на женската публика, Вилијам Леви кој ќе го гледаме со променет имиџ, а нему друштво ќе му прави Химена Наварете, Мис Универзум 2010 година.
Дани | ТВ Пакет