Почетна / Живот / За ајкулите на Дискавери е резервиран последниот викенд од август!

За ајкулите на Дискавери е резервиран последниот викенд од август!

 

“Челусти на длабочината” – оваа сабота на Дискавери

 

Последниот викенд во август не очекуваат премиери на два нови документарни филма. Дип Блу – најголемиот снимен примерок на бела ајкула, ја има главната улога во документарецот „Челусти од длабочината“, кој на 27 август (сабота) ќе се емитува на каналот на Дискавери во 23 часот.

 


 

Документарниот филм ќе ни открие фасцинантни податоци за овие животни и ќе не потсети на нивната загрозеност во морињата и океаните ширум светот.

Неделата на ајкулите (анг.Shark Week) е телевизиски настан кој на „Дискавери“ се прикажува веќе 28 години. Во продолжение прочитајте што ќе ви прикаже овој документарен филм :

 

 

Морскиот биолог Грег Скомал заедно со REMUS камера специјално наменета за снимање ајкули, се враќа во Гвадалупе за да го пронајде Дип Блу- најголемата снимена бела ајкула. Овој пат во морето спуштаа две роботски подморници, една која може да отиде до 100м длабочина, а другата може да нурне дури до 600м. длабочина. Со помош на снимките од подморниците, научниците го откриваат начинот на однесување на големите бели ајкули, посебно техниките на ловење и стратегиите кои ги користат за да го намамат пленот. Снимен е и нападот на роботската подморница.

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!